Муцунски: Не сме подготвени за уставни измени

by irena 13:27
13:27

Македонија не е подготвена за уставни измени. Има недостиг на доверба и кредибилитет во однос на испораката кон нас како држава, така што во овој момент нема услови за уставни измени и Владата не е подготвена да преземе било каков чекор кон спроведувањето на уставните измени – изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски одговарајќи на новинарски прашања по заедничката прес-конференција со генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе.

Муцунски рече дека Македонија презема конкретни мерки поврзани со нејзината европска перспектива.

„Првото е тоа што го правиме во однос на Реформската агенда. Второто е тоа што го правиме во делот на заедничката надворешна и безбедносна политика, но многу повеќе е тоа што го правиме за имплементација на европските вредности. И на крајот на денот, за објективната посветеност на земјата кон европските вредности, кои се некогаш дури и поширок контекст од примената на заедничката надворешна и безбедносна политика“, изјави Муцунски.

Во контекст на односите со Бугарија, министерот вели дека земјава секогаш била подготвена за дијалог, а подготвена е и сега.

Недостиг на волја за таков дијалог, според него, имало од соседна Бугарија, односно од страна на една од претходните политички влади во земјата.

Слични вести