Уапсени се двајца гостиварци поради поседување и продажба на наркотици

by irena 13:31
13:31

Од МВР информираат дека вчера во Гостивар, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар го лишиле од слобода Е.И.(37) од Гостивар.

При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени неколку пакувања со марихуана, дигитална вага и 68.500 денари.

Потоа, во 21:40 часот, полициски службеници го лишилe од слобода и Џ.М.(38) од село Здуње, гостиварско, поради сомнение за сторено кривично дело „нелегално производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик.

Двајцата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава.

Слични вести