Муцунски не исклучува можност за меѓусебна поддршка со БЕСА

by Фокус

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски изјава дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да се согласат да разговараат за уставни измени.

Во настап на Сител, тој не исклучи и окрупнување на опозицискиот фронт и поддршка за Беса за најавените протести како притисок врз Владата за организирање на предвремени парламентарни избори, бидејќи, според него, тоа е во интерес на јавноста.

-Ќе поддржиме окрупнување на опозицискиот фронт, без разлика дали е Беса или друг политички субјект со кој веруваме дека можеме да ја движиме Македонија во правилна насока врз основа на политики а не на интереси како Владата на ДУИ, поддржана од СДСМ – истакна Муцунски.

Денеска, првиот човек на Беса, Билал Касами, најави дека ќе бараат одржување на предвремени парламентарни избори, а доколку власта не го прифати тоа, најави дека ќе преземат порадикални чекори.

Поврзани новости