“Преземање” се прави на корпоративен ентитет, функцијата во политиката се здобива преку демократски методи, вели секретарот за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски, откако градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев во интервју за Фокус најави дека ќе го преземе ДПМНЕ.
„Постојат повеќе видови на преземања коишто ги познава современото корпоративно управување. За разлика од корпоративниот свет, во науката за политиката и политичката пракса статусот/функцијата во демократските земји се здобива преку демократски методи. “Демократија” и “преземање” се веројатно два најдалечни поими во еден современ политички систем. Во таа смисла, ВМРО-ДПМНЕ не е акционерско друштво туку политичка партија. Оттука, легитимитетот го дава и го одзема највредниот дел од партијата – членовите“, напиша Муцунски на фејсбук.