Тимчо Муцунски, градоначалник на Општина Аеродром, вечерва му се заблагодари на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски откако беше предложен за министер за наворешни работи во новата влада.
„Искрено ја ценам честa која ми е доделена и сум длабоко свесен за одговорноста која доаѓа со оваа позиција“, напиша Муцунски на својот профил на Фејсбук.
Тој додаде дека на оваа функција пристапува со цврста решеност и посветеност да работи исклучиво за интересите на Македонија и сите нејзини граѓани.
„Ќе направам сè за да придонесам за развојот и напредокот на нашата земја, преку транспарентно, одговорно и ефикасно работење. Во период на сериозни глобални предизвици и можности, нашата посветеност на дипломатијата, дијалогот и меѓународната соработка се поважни од било кога. Во таа насока, ќе се залагам за градење и одржување на силни и цврсти односи со сите значајни меѓународни партнери, со цел да ја зацврстиме нашата позиција и да создадеме можности за економски раст и развој. Верувам дека со заеднички напори и посветеност можеме да создадеме подобра иднина за Македонија“, напиша Муцунски.