467
Бесиан Ахмети, внукот на Али Ахмети и осомничен за случајот со злоупотреба на концесија за минерални суровини, нема да биде прв секретар во Aмбасадата на Македонија во Брисел, објави МКД.
Вакво решение е донесено со потпис на министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, кој му го прекина работниот однос на внукот на Ахмети една година пред напишаното во договорот.
Наместо на 1 мај 2025, мандатот како прв секретар на Бесиан Ахмети според донесеното решение му престанува на 1 август годинава.