На маргините на Генералното собрание на ОН, денеска се сретнав со министерот за надворешни работи на Република Грција, Јоргос Герапетритис.
Денешната средба претставува важен чекор напред во зајакнувањето на регионалната соработка и значително унапредување на заемните дипломатски односи. Во текот на конструктивната дискусија, посебно внимание посветивме на можностите за развој на трговијата, инфраструктурата и инвестициите во енергија, како клучни области каде постојат реални можности за проширување на соработката.
Почитувањето на меѓународното јавно право е од суштинско значење за обезбедување на иднина заснована на меѓусебно почитување, заеднички просперитет и одржлив мир. Заемната посветеност на овие принципи е основа за успешна реализација на идните взаемно корисни иницијативи и проекти, објави на ФБ министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски..