Општина Аеродром е украсена со новогодишни светилки и декорации, со што празничната атмосфера е тука помеѓу нас, на улиците во Аеродром.
Градоначалникот Муцунски на својата фејсбук страна информираше дека по примерот на поголемите општини и градови, во текот на изминатите денови заврши украсувањето на општината кое Аеродром го реализираше со сопствени средства.
Сите поголеми паркови и поважните места, локации кои се во надлежност на општината, сега се украсени со новогодишни светилки и празнични декорации.
Да ги направиме празниците поубави и да уживаме во новогодишната магија и во Аеродром, напиша Муцунски на својата Фејсбук страна и истакна дека по минатогодишната пауза поради енергетската криза, оваа година празничната атмосфера повторно се доближува до граѓаните.
„Празничната атмосфера ја доближуваме до граѓаните и внесуваме дополнителна радост и позитивна енергија во секојдневното живеење“, истакна Муцунски, кој воедно ги покани граѓаните на новогодишниот настан на храна, вино и вода што ќе одржи од 25 до 27 декември во паркот „Авион“.