Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска се сретна со амбасадорката на САД, Анџела Агелер.
Како што информира министерот на Фејсбук, тие разговарале за претстојното Генерално собрание на ООН, нашите евроинтеграции и потребата од забрзување на економскиот развој, подобрување на владеењето на правото и борбата против корупцијата.
„Искажав благодарност за континуираната поддршка од САД во реформските процеси и демократизацијата на нашата држава. Разменивме мислења за одличните билатерални односи и начините за нивно понатамошно зајакнување во рамките на Стратешкиот дијалог со САД.
Реафирмиравме дека нашето силно сојузништво во НАТО останува столб за одбрана на заедничките демократски вредности, особено имајќи ги предвид актуелните безбедносни предизвици“ напиша Муцунски.