Аналитичарот Алберт Муслиу го коментира вчерашното сведочење на обвинетиот за 27 април, Александар Василевски Нинџа, кој зборувајќи за неговиот ангажман во УБК, рече дека предмет на негово следење бил и Муслиу и дека Управата инсталирала камери во неговиот дом.
Муслиу најавува дека ќе бара правна сатисфакција.
„Во секој случај чувството е вознемирувачко. Но ова исто така зборува за апсолутната крајна забеганост на органите од претходниот режим. Но, во секој случај ова е информација која ми дава за право оваа работа да ја истерам до крај и да барам персонална сатисфакција во врска со сето тоа“, изјави Муслиу за „Цивил“.
Според сведочењето на Нинџа кој бил дел од структурите на ДБК за време на владеењето на Груевски, оваа безбедносна агенција инсталирала камери во домот на Муслиу, спротивно на законските прописи.