391
Инцидентот во затворот во Шуто Оризари беше тема на разговор во синоќешната емисија „Отворено“ на Алфа ТВ.
Аналитичарот Алберт Муслиу вели дека не го зачудува тоа што, во некои медиуми излегоа информации дека екс-премиерот во бегство, Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, стојат зад овој настан.
„Кај нас во политиката ништо не ме чуди. Груевски е во бегство, барајќи политички азил, така да не ме зачудуваат инсценирања на работи дали е можно такво нешто. Не е мое да кажам, но во секој случај тука има пропуст на институциите. Веќе институциите после 28 години треба да се научат да не потпаѓаат на провокации“, истакна Муслиу.