721
Муса Џафери, еден од предводниците на „огнените“ и претседател на надзорниот одбор на ДУИ, вчера од собирот во Кичево порача лидерот на ДУИ Али Ахмети да го спасат од Артан Груби.
Тој го обвини Груби за узурпирање на партијата и дека преку пропаганда дезинформира за незадоволните и за целите на „огнената група“.
Џафери рече дека толку многу се вложиле во ДУИ што не ни помислуваат да и наштетат и дека никогаш не ја нападнале фигурата на нејзиниот претседател Ахмети.
„Артан Груби само се крие и се брани зад ликот на Али Ахмети. Тој заедно со другите министри треба да се појави пред граѓаните и да даде отчет и да покаже колку инвестиции направил во Кичево. Која е причината за неинвестирање во Чаир? Каде одат парите од буџетот“, праша Џафери.