Муртезани: Уставните измени секако дека ќе се случат, но за тоа е потребен инклузивен процес

by Fokus

Уставните измени секако дека ќе се случат, но за тоа е потребен инклузивен процес во кој ќе има широк национален консензус, изјави на денешната прес-конференција министерот за европски прашања Орхан Муртезани по првата официјална средба со евроамбасадорот во земјава, Дејвид Гир.

„Секако дека ќе се случат уставните измени, меѓутоа во минатото видовме дека тоа треба да е еден инклузивен, поширок процес за да има широк национален консензус. Претходната влада проба да го направи тоа без ВМРО-ДПМНЕ и знаеме како заврши тоа. Новата влада ни дава за задача дека ова мора да е поинклузивен процес“, рече министерот Муртезани.

Тој вели дека е добро што не постојат дилеми за зачленување на земјава во Европската Унија и нејзиниот евроатлантски пат, но, нагласи дека тоа што забавува е протоколот што произлегува од Преговарачката рамка.

Во овој контекст рече дека ќе претстојат суштински разговори во Владата и со официјален Брисел за да се изнајде најдоброто решение без притоа да се создаваат проблеми на патот на земјава кон ЕУ.

Поврзани новости