Знаеме дека без уставни измени нема деблокада на евроинтеграциите на Македонија, дека треба брзо да се спроведат ни посочуваат сите амбасадори во земјава, изјави министерот за европски прашања Орхан Муртезани.
Тој не одговори дали се согласува со премиерот и шефот на дипломатијата за одложено дејство, односно промената на уставот да стапи на сила по членство на земјава во ЕУ, туку само рече дека евроинтеграциите се приоритет на целата Влада.
-Како евроамбсадорот на ЕУ и сите амбасадори на нашите стратешки партнери во неколку наврати имаат посочено, дека тоа е сериозен чекор и пречка пред нас која ние треба да се нафатиме и залагаме да го решиме што е можно побрзо. Ние знаеме дека без решавање на тој спор со Бугарија, односно уставните измени, нема да може да се одблокира пристапот кон Европската Унија – рече Муртезани.