Муртезани: Северна Македонија посветено работи на зајакнување на односите со Грција

by Fokus

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска оствари средба со амбасадорката на Хеленската Република во Република Северна Македонија, Софија Филипиду, на која се разговараше за повеќе аспекти од билатералните односи и актуелните политички состојби во регионот.

Акцент на разговорите беше ставен на Планот за раст на ЕК за ЗБ, како и на Реформската агенда кои се важни за поттикнување на реформите и економскиот развој на земјата. Соговорниците исто така разговараа и за важноста од континуирана имплементација на Преспанскиот договор од двете страни.

Муртезани истакна дека Северна Македонија посветено работи на зајакнување на односите со Грција, како НАТО сојузници и европски партнери. Тој го подвлече значењето на добрососедските односи во светло на стабилност и напредок на регионот и истакна дека земјата останува посветена на европскиот пат. Муртезани ја истакна важноста на поддршката на Грција за нашите евроинтеграции, изразувајќи надеж дека двете страни ќе продолжат активно да работат во остварувањето на целта, членство во Европската Унија.

Амбасадорката Филипиду ја реафирмираше поддршката за евроинтегративните напори на земјата, потенцирајќи го значењето на билатералната соработка во разни области, особено економските, како и регионалните иницијативи.

Муртезани и Филипиду се согласија дека продлабочувањето на билатералната соработката, со програмите на Европската Унија кои нудат голем потенцијал за интензивирање на соработката, поврзани со европската интеграција во рамки на TAIEX и Твининг, како и програмите INTERREG – IPA CBC, Транснационалната програма INTERREG Балкан-Медитеран е од суштинска важност како за двете земји, така и за регионот.

Поврзани новости