Орхан Муртезани од крилото на новоизбраниот претседател на БЕСА Африм Гаши го обвини Биљал Касами од спротивниот табор за фалсификување на партиски списоци. Според него, Касами прво на 15 ноември ги фалсификувал имињата на претседателите на ограноците, а две недели покасно во судот поднел друг список со фалсификувани претседатели на ограноците.
-Внатрешните избори во Движењето Беса започнаа на 6 јануари 2018, додека фалсификувањето, без ниту една законска или статутарна поткрепа и без седница на Централниот Совет, значи скришум, се случил сосема тајно. Во Куманово, за претседател на огранокот бил избран Шенур Османи, додека Билал Касами ова го фалсификувал во судот и како претседател на огранокот го регистрирал Дритон Рамадани, кој никогаш не бил член на Движењето. Во Липково за легитимен претседател на огранокот е избран Фејзулах Емини, но Билал Касами во фалсификуваниот список на претседателите на ограноците го ставил Авни Салији. Иако и гулабите на Чаир знаат дека претседател на огранокот е Беким Салиу, Касами без нишка срам и совест го фалсификувал неговото име и како претседател на огранокот го напишал Рамадан Незири – вели тој.