Тренерот на турски Фенербахче, Жозе Мурињо доживеа голем удар бидејќи Турската фудбалска федерација одлучи да го суспендира на четири натпревари поради скандалот што изби по ремито на Галатасарај со Фенербахче (0-0) минатиот викенд.
Мурињо доби суспензија од два натпревари поради наводни расистички коментари од клупата на Галатасарај, кога рече дека „скокаат како мајмуни“.
Двете дополнителни исклучувања следеа по неговите коментари на четвртиот судија, во кои тој го повика судијата да погледне како се однесувал словенечкиот судија Винчиќ за време на натпреварот.
Мурињо подоцна му аплаудираше на Винчиќ на крајот од мечот.
Контроверзноста започна по жалбата на Галатасарај и истрагата на Турската фудбалска федерација која доведе до суспензија на португалскиот тренер, што е сериозен удар за неговата кариера во Истанбул.