606
Тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо сака утре да го види Горан Пандев на Телеком арена кога ќе се игра Суперкупот. Тој на попладневната прес конференција во Скопје предложи Пандев со приватен авион да дојде само за натпреварот и потоа веднаш да се врати во својот клуб Џенова.
-Единствено можам да кажам дека Горан е најдобриот играч во македонската историја. Тој е звучно име тука. Приватен авион може да направи чуда. Пандев може да дојде само за натпреварот и да си замине оттука, рече Мурињо.
Мурињо му беше тренер на Пандев во Интер и заедно ја освоија тројната круна: италијанското првенство, куп, како и Лигата на шампионите.