Мурињо ја извади жолчката во Португалија

by Fokus

Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо беше успешно опериран во Португалија.

Турскиот великан во оваа прилика се огласи и го поддржа својот шеф на стручниот штаб.

– Нашиот тренер Жозе Мурињо успешно го оперираше жолчното кесе во својата родна земја Португалија. На нашиот тренер кој е во многу добра здравствена состојба му посакуваме брзо закрепнување – стои во соопштението на клубот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fenerbahçe (@fenerbahce)

Самиот Жозе се огласи и имаше порака до фановите:

– На сите им посакувам среќни празници. Овој пат нека биде исполнет со љубов и среќа за вас и вашите семејства. За оние од вас кои изразија загриженост, можам да потврдам дека извештаите за мојата операција се многу претерани, тоа е само мала и брза процедура. Ќе продолжам со тренинзи на првиот ден по паузата, како и секогаш. Не сум пропуштил ниту еден тренинг 25 години и немам намера да почнам сега – напиша Мурињо.

Поврзани новости