Ние денеска официјално поднесовме барање до премиерот Димитар Ковачевски за средба, откако го испочитувавме неговиот предлог за деблокада на булеварите во Скопје, вели Ќемал Муриќ од „Слобода превоз“.
Тој посочи дека неговите ингеренции тука завршуваат, и ќе се префрлат на институционално ниво.
-Ние приватните превозници, кои после повеќедневната голгота што ја преживеавме на булеварите, каде што дежуравме деноноќно, поради тоа што градските власти на чело со градоначалничката немаа слух да не примат да поразговараме, ги тргнавме блокадите по обраќањето на премиерот. Тој рече дека би можел да биде медијатор и да ги собере на засегнатите страни за да го решиме проблемот, но само ако бидат тргнати блокадите. На средбата ние во нормална атмосфера ќе можеме да ги изнесеме нашите аргументи, како би дошло до решавање на нашиот проблем, рече денеска Муриќ.