Мулачка: На пациенти им се ветувал начин за продолжување на животот, за потоа да им дадат лек за намалување на оток

by Fokus

Новинарката од Фокус, Ирена Мулачка вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека на Клиниката за Онкологија на пациенти кои биле пред умирање, за одредена сума им се ветувал начин на продолжување на животот, но потоа им било давано лек за оток.

„Значи пациенти кои биле во термална фаза, пред умирање, им било ветувано дека ако дадат 1000-1500 евра на некој начин ќе им се помогне да се продолжи животот. Семејствата нормално, надежда последна умира, трчале по лекарот, му ги давале парите меѓутоа тој на одделенските сестри им кажувал дека треба да дадат терапија манитол, тоа е лек против оток, дексазон кортико, антибиотик и витамин Ц“, вели Мулачка.

Таа додава дека ова е терапија која се дава против отоци кога пациентот е во фаза пред умирање, за да го освежат и намалат отоците.

„Тоа е само една од терапиите со кои се манипулирало на клиниката“, додава Мулачка.

Поврзани новости