731
Во организација на движењето „Македонија блокира“ денеска група граѓани одржаа протест пред домот на пратеникот Крсто Мукоски во Вевчани.
Тие со свеќи во рацете и со пеење патриотски песни му порачаа да се премисли и да не гласа за уставните измени за промена на името.
Мукоски ги пречека демонстрантите и дел од нив ги прими во својот дом, за како што рече, да се напијат кафе, ракија, да поразговараат и со здравје да си одат.