0
Претседателот на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) Живко Мукаетов по мечот во Вараждин не го криеше задоволството од играта на ракометарите и победата над Катар.
– Многу сум задоволен, се надевам и навивачите, од победата и пристапот на играчите. Честитки до момците особено од односот кон националниот дрес. Ракометарите се вистински пример како треба да се бориме за Македонија. Навистина жалиме што нема поголем број на навивачите во главната фаза на за СП, тоа е сплет на околности. Но, играчите го дадоа сиот максимум, беа фокусирани и се оддолжија за поддршката што ја добиваат. Не беше лесно,трпевме критики во изминатите години, но со Кирил Лазаров сме на вистинскиот пат – изјави Мукаетов за МТВ.