„Имате преседан, ЕУ посредува во билатерални спорови, како во 2008 кога имаше арбитражна комисија во спорот меѓу Хрватска и Словенија. Зошто ние да промениме Устав и да внесеме Бугари, а тие не го почитуваат нашето малцинство таму? Не е само да се внесат, но зошто како конститутивен народ, тоа сите некако го премолчија. Не одложено дејство – никогаш, тие не се конститутивен народ, може да бидат набројани во Уставот како во хрватскиот Устав, но не да бидат конститутивен народ“, рече вечерва универзитетскиот професор и поранешен пратеник, Ферид Мухиќ, во Само интервју на тв Канал 5.
Тој вели „Дали згреши судијата, се играше ли според правилата? ЕУ вели дека не посредува во билатерални спорови, тогаш се оди на арбитража. Како што тогаш треба да се побара арбитража во спорот меѓу Хрватска и Словенија, така сега и ние да побараме ЕУ да арбитрира. Да дојде ЕУ комисија и да каже дали промена на устав е европска правичност. Ние треба да побараме“.
Мухиќ во интервјуто вели „Може да се каже `не сакам`, ние ним им требаме во ЕУ, да бевме потврдоглави во спорот со Грција на сила ќе не внесеа и во НАТО. ЕУ може да прими кого и кога сака, или да не го прими. Турција е поподготвена да биде членка повеќе од низа постоечки членки. Која заедничка историја со Бугарија, не се ниту 15 години. Секој договор може да се раскине. Сме се согласиле ние на заедничка комисија. Ниту во Германија ниту во Франција комисијата нема збор кажано на едната ниту на другата страна за историските прашања. Не за историска комисија- таа секогаш ќе биде под влијание на власта“.