589
Пратеникот Ферид Мухиќ, кој е од владејачкото мнозинство гласаше „против“ потребата од ратификација по итна постапка на договорот со Грција за решавање на спорот со името, покажува листингот од гласањето.
Собранието денеска ја утврди потребата од донесување на законот за ратификација на Конечната спогодба за решавање на разликата како што е опишана во резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации 817 (1993) и 845 (1993), престанување на Времената спогодба од 1995 година и воспоставување на стратешко партнерство.
Поддршка на потребата итно да се ратификува договорот дадоа 69 пратеници, 40 беа против.
Мухиќ подоцна кога пратениците се изјаснуваат во однос на дневниот ред на 51. седница гласаше „за“ и тој беше донесен со 70 гласови