Мудра и одговорна одлука на македонското Собрание, вели Борисов

by Fokus

Лидерот на најголемата опозициска партија во бугарското Народно собрание ГЕРБ, Бојко Борисов им честиташе на пратениците во македонскиот Парламент за прифаќањето на францускиот предлог.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Борисов во објава на „Фејсбук“ упати честитки за мудрата и одговорна одлука на македонското Собрание со која се отвораат вратите за почеток на преговорите за членство во ЕУ.

Ова е процес, вели Борисов, кој е започнат уште во 2017 година кога беше потпишан Договорот за добрососедство и на преден план беше изведена заедничката историја меѓу двете земји.

– За време на бугарското претседавање со ЕУ во 2018 година, ние бевме тие кои ја вративме темата за проширувањето на агендата на Европа. Отсекогаш верував дека интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ е клучна за мирот, разбирањето и просперитетот, напиша Борисов во објавата на „Фејсбук“

Поврзани новости