Муареми: Предметот против мене им одеше во прилог на криминални структури

by Фокус

Ексдиректорот на Управата за финансиско разузнавање, Арафат Муареми, оценува дека затворањето на предметот против него е очекувана правда.

-Правдата можеби е спора, но секогаш е достижна – рече Муареми за „Макфакс“.

Тој додаде дека работел законски, а претресот во неговата канцеларија бил без основ.

-Законитоста во моето работење на крајот се докажа. Поинаков епилог, освен отфрлање на тие кривични пријави не очекував, ниту пак можеше да има. Извршениот претрес во Управата за финансиска полиција и целиот тој предмет против мене беше покренат без ниту еден основ и само со една единствена цел – моја дискредитација и рушење на мојот углед, што во тој момент им одеше во прилог само на одредени криминални структури за кои што тековно се водеа постапки во Управата – рече Муареми.

Поврзани новости