606
Бизнисменот Д.Ј. (61) од Белград бил ограбен вчера кога двајца разбојници го нападнале и му одзеле 100.000 евра. Тој е полесно повреден, а полицијата започнала потрага по напаѓачите.
„Тој рече дека ги позајмил парите. Дека додека влегувал во зградата го нападнале две млади момчиња. Едниот му испрскал некој вид спреј во очите, а другиот го удирал со тупаница. И дека на крајот му ги земале парите“, раскажал извор близок до истрагата.
Полицијата трага по снимките од безбедносните камери.
Бизнисменот Д.Ј. не можел да ги опише разбојниците бидејќи двајцата биле маскирани.