417
Секторот за внатрешни работи Штип поднесе кривична пријава против Б.Ш.(41) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
Според полицијата, на 01.05.2018 година околу 23,00 часот пријавениот најпрвин телефонски упатил сериозни закани по животот на Ј.Д. брат на неговата сопруга, а потоа на улицата “Васил Доганџиски“ во Штип ја пресретнал С.Д. мајка на неговата сопруга при што со метална шипка и остар предмет со неколку удари и убоди по телото и главата и нанел повреди констатирани во Клиничката болница во Штип. Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот одредена му е мерка притвор во траење од осум дена.