По вчерашните избори во Србија, ,,Коалицијата Србија против насилството“ соопшти дека оваа каолиција не ги прифаќа изборните резултати и на државно ниво и во градот Белград онака како што ги соопштил претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Најавија дека ќе бараат од РИК да им се достават физичките записници од лице место, обвинувајќи притоа за изборно насилство.
-На гласање видовме нешто што не беше пракса, луѓето кои не живеат во Белград беа донесени да гласаат како да се белграѓани, обвини Мирослав Алексиќ, носител на листата ,, Србија против насилство”.
Тој обвини дека се издадени лични карти на граѓани кои не живеат во главниот град. Поточно, опозиционерите обвинија дека во Белград организирано биле донесени над 40 000 луѓе без легален престој за да ја поддржат листата на СНС што, како што велат, драстично ја променило изборната волја на белграѓани.
-Не можеме да го прифатиме ова како резултат на фер и демократски избори, рече тој.
Ова обвинување наликува на македонската афера ,,Пустец”, кога на гласачките места во Центар беа носени гласачи од Мала Преспа.