На Школата за млади лидери во Охрид денеска ненадејно почина Алекс Слмонд, поранешен шкотски премиер, откако му се слошило за време на ручекот.
Салмонд е роден во 1954 година. Тој починал околу 15.30 часот во хотелот „Инекс Горица“.
Салмонд вчера имал излагање на второто издание на Форумот за културна дипломатија во коорганизација на кабинетот на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов, Меѓународниот центар „Алијанса на цивилизациите“ и Институтот за културна дипломатија од Берлин.
Се претпоставува дека причината за смртта е срцев удар.
Салмонд беше шкотски политичар, економист и телевизиски водител, кој беше премиер на Шкотска од 2007 до 2014 година. Истакната фигура во шкотското националистичко движење, Салмонд беше лидер на Шкотската национална партија (СНП), во два наврати, од 1990 до 2000 година и од 2004 до 2014 година. Тој беше заменик лидер на партијата од 1987 до 1990 година.
Салмонд беше домаќин на шоуто Алекс Салмонд (2017–2022) на RT UK, а потоа го водеше шоуто „Scotland Speaks with Salmond“ (2023–2024).