Му оставила аманет на сопругот дека сака да биде донор и да спаси човечки животи!

by fokus

Жената – донор чие срце моментално се трансплантира кај пациент кој подолг период бил на листата за трансплантација, починала од спонтано крварење во мозок.

Станува збор за 42-годишна скопјанка, која водена од хуманоста, во минатото на својот сопруг му кажала дека доколку и се случи нешто непредвидено во животот и е во можност да биде донор на органи, би сакала таа желба да и биде исполнета – потврди за ,,Фокус” министерот за здравство Венко Филипче.

Аманетот на хуманата жена, да спаси човечки животи, е уште една потврда дека кај нас свеста за органодарителството оди на едно повисоко ниво, и во изминатите 15 месеци беа извршени експлантации од седум починати донори, а трансплантирани се пет срца, 12 бубрега и едно коскено ткиво.

Покрај срцето, ќе бидат трансплантирани и бубрезите на хуманата скопјанка кај двајца пациенти на околу 40-годишна возраст, кои се на дијализа.
Министерот Филипче се заблагодари за добрината и хуманоста на семејството на пациентката.

-По интензивни подготовки во текот на ноќта, рано утрово беше завршена експлантацијата на срце и бубрези од донорот. Сите неизмерно благодариме и се поклонуваме пред огромната човечка хуманост на 42 годишната пациентка која ја загуби битката со животот и ја исполнуваме нејзината последна желба – нејзините органи да бидат донирани-информираше министерот.

Вики Клинчарова

Поврзани новости