456
Патничко возило „ауди А4“ било украдено вчеравечер од улица „Рузвелтова“, додека лицето кое го возело автомобилот, влегло во маркет, а возилото останало да работи.
„На 14.01.2019 година во 22.00 часот во Полициската станица Центар, Д.Г.(40) од Скопје пријавил дека истиот ден во времето од 20.30 до 20.35 часот пред маркет на улица „Рузвелтова“ непознат сторител одзел патничко возило „Ауди А4“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Е.Б. од Скопје. Пријавителот го оставил возилото да работи и влегол во маркетот, а непознато лице влегло во незаклученото возило и заминало во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и за целосно расчистување на случајот“, велат од МВР.