325
Затвореник бил повреден во тепачка во Идризово, информираа од МВР.
Според полицијата, вчера околу 16.00 часот во Казнено – поправната установа Идризово затвореникот Р.Ѓ. (45) од с.Јурумлери, скопско, бил удрен во пределот на носот од страна на затвореникот А.К. На Р.Ѓ. му била укажана медицинска помош во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје и му биле констатирани тешки телесни повреди.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.