334
Вчеравечер во Ново Село бил скршено стакло на автомобил, додека возачот поминувал покрај политичка партија, пренесува МВР.
„На 05.05.2019 година околу 21.40 часот во СВР Струмица било пријавено дека во с.Ново Село со тврд предмет било скршено стакло на автомобилот на Г.Ц. „Опел астра“ со бугарски национални ознаки, додека тој со возилото поминувал покрај штаб на политичка партија, Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.