426
Осумдесет и седумгодишна баба била измамена од непознато машко лице, кое и земало 2.000 денари ветувајќи дека ќе и ја зголеми пензијата, информираа од МВР.
Според полицијата, вчера Б.С. (87) од с.Секирани, битолско, пријавила дека на 31.05.2018 година во нејзината куќа во с.Секирани дошло непознато машко лице кое се претставило дека е од Пензинскиот Фонд. Тој и ветил дека може да и ја зголеми пензијата за што требала да му плати 2000 денари. Таа му ги дала парите, по што лицето заминало, но и ветило дека ќе се врати. До моментот на пријавување лицето не се вратило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.