396
Педесет и четиригодишен битолчанец со секира се обидел да го убие својот пријател во неговиот дом, информираа од МВР.
Според полицијата, поднесена е кривична пријава против М.М.(54) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 19.03.2018 година околу 00,30 часот во домот на Е.С.(35) од Битола кој бил со неговите родители, сопругата и двете малолетни деца пријавениот кој бил под дејство на алкохол, по претходна вербална расправија, се обидел со секира физички да го нападне Е.С. При тоа, бил спречен, од страна на полициски службеници, кои интервенирале на местото на настанот, по телефонската пријава од оштетениот.