Му беше тренер на Пандев, сега ќе го има Елмас во составот – Мацари нов кормилар на Наполи

by Fokus

Фудбалскиот тренер Руди Гарсија веќе е минато на „Диего Армандо Марадона“, актуелниот италијански шампион Наполи има нов тренер.

Иако се шпекулираше дека Хрватот Игор Тудор е пред договор со клубот од Неапол, сепак дојде до голем пресврт во потрагата по наследникот на Гарсија.

Тудор не се согласил да стави потпис на договор кој важи само крајот на сезоната и побарал двегодишна соработка, па газдата Аурелио Де Лаурентис експресно се договорил со Валтер Мацари.

Италијанските медиуми пренесоа дека 62-годишниот стручњак е новиот кормилар на Наполи

Мацари седеше на клупата на Наполи од 2009 до 2013 година и тоа е најдолг период во кој се задржал еден тренер во Наполи, во ерата на претседателот Де Лаурентис.

Во 2012 година, Наполи со Мацари како тренер го освои Купот на Италија, а во тимот тогаш беше Горан Пандев.

Сега Мацари ќе работи со македонски репрезентативец, Елиф Елмас.

Поврзани новости