МТСП: Следната година за активни мерки и програми за вработување 1,3 милијарди денари

by fokus

За идната година за активни програми и мерки за вработување се испланирани рекордни 1,3 милијарди денари, односно 200 милиони повеќе од 2019 година. Како за споредба во 2016 година за Оперативниот план од Буџетот беа издвоени 707 милиони денари, што е речиси половина од предвидените средства за 2020 година, соопшти попладнево Министерството за труд и социјална политика.

Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување што го усвои Владата, информира МТСП, се носел во широка консултација со бизнис секторот и синдикатите и е креаиран според потребите на пазарот на трудот.

Најголем акцент, истакнуваат, повторно се става на мерките самовработување, младинската гаранција, практиканство, обуки за напредни ИТ вештини, како и на програмите за докавалификација и преквалификација на невработените лица и нивно прилагодување за побаруваните профили на пазарот на труд.

Поврзани новости