681
Министерството за труд и социјала ќе испрати вонреден инспекциски надзор во градинка во Општина Карпош за да го испита случајот дека на деца им се пушта несоодветна музика.
Оваа реакција уследи откако на порталот “Слободен печат“ беше објавено видео снимено во градинката и испратено од анонимен родител во кое децата поттикнати од воспитувачката играат на турбо фолк песната “Жена од султана“.
Родителот за редакцијата кажал дека видеото го снимила воспитувачката за да се пофали на родителите какви активности имале тој ден.
-Јавните установи за згрижување и воспитување на децата работат врз основа на програма, велат од Министерството и најавуваат соодветни мерки откако ќе се утврди состојбата во оваа градинка.