МТСП: Градинка во Врапчиште без струја и греење на минусни температури, градоначалникот ги крши правата на децата

by Fokus

Министерството за социјална политика, демографија и млади соопшти дека градоначалникот на Врапчиште наредил да се исклучи греењето и струјата во градинката „Пранвера“, која е составен дел на училиштето во село Врапчиште, во услови на минусни температури од -5 Целзиусови степени.

Од Министерството додаваат дека По одземањето на ингеренциите на градоначалникот за именување на в.д. директор на установата, општината го одзела возилото од градинката, кое во јуни 2021 година му го дала на користење на неопределено време.

„Сè до 31.01.2025 година, кога е извршена законска смена на в.д директорот на предучилишната установа, таа го користела возилото за дотур на храна за 40 деца згрижени во објектот во село Добри Дол. Оттогаш па до денес, достава на храна во овој објект се врши отежнато со помош на приватни возила“, наведуваат од министерство.

Оттаму го обвинија градоначалникот дека ги крши правата на децата согласно Конвенцијата за правата на децата

Поврзани новости