Неповторливата музичка дива Јасмин Леви, кој ги освојува срцата на публиката со својата емотивна музика, на 7 април за прв пат ќе одржи концерт во Скопје, под покровителство на телекомуникацискиот оператор МТЕЛ.
По неверојатно успешните концерти во Белград, Нови Сад, Бања Лука и Сараево, во продолжение на нејзината балканска турнеја Јасмин Леви ја носи својата вонвременска музика одбележана со светските хитови како “Una noche mas”, “Alegria”, “Adio kerida” пред македонската публика.
Во пресрет на концертот во Скопје Леви вели: „Се радувам и се надевам дека публиката ќе ми се препушти и ќе ми верува. Дозволете ми да ве одведам на поинакво патување од вашето секојдневие … ќе уживате“
Родена и израсната на Блискиот исток, кој го опишува како вистинска мешавина од народи и култури, Леви пораснала под влијанието на медитеранските култури, како и на разните музички влијанија од класичната музика до современиот џез. Сите овие жанрови Јасмин Леви успешно ги обединува во својот уникатен музички опус низ кој се испреплетени звуците на фламенкото, ориенталните инструменти и нејзиниот интензивен, моќен и драматичен вокал.
Изведувајќи песни полни чувства и љубов, нејзините концерти се опишуваат како патување низ најдлабоките емоции и спој од различни светови и култури, низ музиката која таа ја доживува како мост меѓу сите луѓе, а најмногу меѓу себе и публиката.
Концертот на Јасмин Леви ќе се одржи на 7 април во салата на Македонската филхармонија, а влезниците можат да се купат онлајн преку ticketx.mk.