Мртви и повредени на прославата за победата на Супер Боул

by fokus

Едно лице загина, а девет се повредени по пукање во Канзас Сити, Мисури, на победничката парада по повод победата на Чифс на Супер Боул, објави ABC News, цитирајќи ја противпожарната служба во Канзас Сити.

Пукањето се случило западно од станицата Унион додека навивачите на Чифс си заминувале.

На прославата се очекуваа околу милион луѓе, додека безбедноста мораа да ја одржуваат околу 600 полицајци.

Двајца вооружени напаѓачи се уапсени, соопшти полицијата во Канзас Сити.

„Евакуирана сум и надвор од животна опасност. Ги охрабрувам сите да ги следат упатствата на полицијата. Ве молиме бидете безбедни“, изјави гувернерката на Канзас, Лора Кели.

Поврзани новости