Мртва трка меѓу Демократите и Републиканците во двата американски дома

by fokus

Еден ден по завршувањето на среднорочните избори во САД, контролата врз американскиот Конгрес останува неизвесна.

Републиканците имаат 49 места во Сенатот, додека Демократите имаат 48. Две држави се сè уште неодлучни, а за местото во Сенатот на Џорџија ќе се одлучува со вториот круг од изборите во декември.

Во Претставничкиот дом, може да поминат неколку дена пред да се знае целосната слика, бидејќи гласовите се уште се бројат во држави како Калифорнија, Орегон, Невада и Аризона.

Што се однесува до Сенатот, сè уште е рано да се каже која партија ќе ја преземе контролата. Единствениот успех на демократите досега беше победата на Џон Фетерман во Пенсилванија, но сепак треба да освојат уште две места за да го обезбедат мнозинството.

Во Невада, републиканецот Адам Лаксалт моментално води во пребројувањето на гласовите против демократската сенаторка Кетрин Кортез Масто. Резултатите од гласањето од најголемите области се уште се очекуваат од двете држави.

Во Претставничкиот дом неодлучни се 35 трки. Демократите моментално водат во пребројувањето на гласовите во 24 од нив, додека републиканците водат во 11. Републиканците треба да освојат уште 9 места за да стигнат до 218-те потребни за контрола на Претставничкиот дом, демократите треба да освојат уште 27 места за да стигнат до 218.

Фото: ЕПА

Поврзани новости