Пожарникарски екипи денеска од водите на Вардар извадоа мртва крава, која се заглавила пред Камениот мост. На повик на комуналните служби, со две пожарникаски возила и со макара, лешот на животното беше отстранет од речното корито.
Официјален ветеринар од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) изврши увид и рече дека угинатата крава на кејот на Вардар не може да се утврди од каде потекнува и како се нашла таму.
– Со контролата констатирано е дека угинатото животно нема идентификациска ознака – ушна маркица врз основа на која може да се утврди сопственоста и регионот од каде потекнува… Официјалниот ветеринар на Стационарот за хуман третман на животните изрече мерка за вршење темелна дезинфекција на кејот на Вардар, со цел спречување евентуално ширење на заразни болести, соопшти АХВ.