582
Вчера утрото, во канал кај селото Марино бил пронајден почина 34-годишен скопјанец, информираат од Министерството за внатрешни работи.
„На 01.02.2022 во 07.42 часот во СВР Скопје било пријавено дека во канал во с.Марино, скопско, бил пронајден починат З.Т.(34) од с.Мралино, скопско. Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јвен обвинител телото било дадено на обдукција во Институтот за судска медицина“, велат од МВР.