Мртов маж со прострелна рана пронајден во кругот на велешката болница

by fokus

Во СВР Велес вчера попладне околу 14.30 часот било пријавено дека во кругот на Општа болница Велес било пронајдено тело на починат 74 – годишен маж.

Лекар од болницата констатирал смрт со прострелна рана од огнено оружје, информира денеска портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев.

– Увид на местото изврши екипа од СВР Велес, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција,појасни Самарџиев.

Неофицијално, ,,Фокус” дознава дека се работи за лице кое имало здравствени проблеми и се борело со тешка болест.

В.К.

Поврзани новости