Мртов маж пронајден во стан во Скопје

by fokus

Вчера попладне во стан во Скопје е пронајдено починато 38-годишно лице. На телото нема траги на насилство, пренесува МВР.

„На 01.07.2019 година во 18.38 часот во СВР Скопје било пријавено дека во стан на бул.„АВНОЈ“ во Скопје пронајден е починат Н.Ѓ.(38). Од лекар од Итна медицинска помош констатирана е смрт без траги на насилство. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Аеродром. По наредба на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција“, велат од МВР.

Поврзани новости