МРТ2 го бојкотира Стоилов, „играчот со број 5“ ги поздрави со македонско знаме

by fokus

Албанската редакција на Македонската радио телевизија обединета околу бојкотот кој ќе го добива во иднина ракометарот Стојанче Стоилов. Уредникот на спортската редакција, Мустафа Адеми, во преносот од мечот Македонија-Јапонија го нарекуваше Стоилов „играчот со бројот пет“ неизговарајќи му го името и презимето. Ваквиот однос кон Стоилов следува откако тој ја напушти манифестацијата „Спортист на годината“ поради двојазичниот карактер што го доби.

Од МРТ2 велат дека Адеми засега нема да се соочи со казна и дека поддршка добива и од главниот и одговорен уредник на телевизијата, Мигена Горенца. Уредничката на албанската редакција во националниот сервис за „sport1.mk“ изјави дека Адеми ја има нејзината поддршка.

„Ако мислевте дека нема да има реакција од албанските спортски новинари на потегот на Стоилов, кој реши да напушти официјална манифестација зашто не му се допаѓало да го слуша албанскиот јазик од бината, тогаш многу грешите. Лично мислам дека не треба да има поделби на наши и ваши, но како главен и одговорен уредник на МТВ2 стојам позади мојот новинар. Акцијата носи реакција, кратко и јасно кажано“, изјави Горенца.

По пренесот Стоилов објави коментар на својот фејсбук профил со кој испраќа поздрав до редакцијата фотографиран со македонско знаме.

Инаку, пред две недели македонскиот ракометен репрезентативец демонстративно ја напушти манифестацијата на Агенцијата за млади и Спорт, „Спортист на годината“ поради двојазичниот карактер кој го доби таа. Добитниците на наградите кои се Албанци, на присутните им се обраќаа и на албански јазик, што не му се допадна на Стоилов.

Поврзани новости