МРТ ќе ги организирала „Цветници“, „Скопски фестивал“, „Валандово“ и други фестивали во 2023 година!

by Fokus

Македонската радио телевизија ја објави годишната програма за 2023 година и најави многу богати содржини за гледачите.

Интересно е тоа што од јавниот сервис информираат дека годинава МРТ ќе пренесува и организира повеќе музички фестивали.

-Значајно е да се спомене дека Македонската радио телевизија во 2023 година традиционално ќе биде копродуцент и ќе ги пренесува и организира фестивалите: Цветници, Скопски фестивал, Макфест 2023, Валандово 2023, Охрид фест 2023 и други културни и музички манифестации кои се од јавен интерес – објавено е на страницата на МРТ.

На Скопски фестивал, кој беше популарна манифестација за промоција на новокомпонирани забавни мелодии, во минатото се избираше и претставник за Евровизија, односно првонаградената песна ја претставуваше Македонија на Евросонг. Цветници исто така во минатото беше популарен фестивал на кој се промовираа новокомпонирани фолк песни. Покрај планираните забавни содржини, МРТ најави и богата спортска програма во 2023 година.

-Македонската радио телевизија ќе има и богата спортска програма, од која најатрактивните содржини ќе бидат емитувани на МТВ-1, а дел на МРТ-3: Во годината во која ќе нема мегапопуларни настани на светско ниво од типот на СП или ЕП во фудбал, или пак ЛОИ или ЗОИ, Македонската Радио Телевизија ќе има и разновидна спортска програма- извести јавниот сервис.

Вики Клинчарова

Поврзани новости